Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2018

Баерн ќе го откупи Родригес од Реал

Џејмс Родригес, фудбалерот за врска на Реал Мадрид кој игра на заем во Баерн од Минхен, наскоро би требало да стане полноправен член на германскиот гигант.

„Марка“ пренесува дека челниците на баварскиот клуб ќе ја искористат можноста и за 42 милиони евра ќе го откупат 26-годишниот репрезентативец на Колумбија.
 Родригес веќе се согласил со овој предлог, наведува истиот извор.
„Баварците“ минатото лето  за 13 милиони евра го позајмија Колумбиецот на две сезони.
Некогашниот играч на Монако оваа сезона одигра 18 натпревари во Бундеслигата, постигна пет гола и имаше девет асистенции.

Најнови вести