Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2018

Дани Алвес е најтрофеен фудбалер на сите времиња

Бразилскиот репрезентативец Дани Алвес во саботата ги испиша страниците на фудбалската историја и стана најтрофејниот фудбалер на сите времиња.

Алвес со ПСЖ го освои Лига купот со победата над Монако од 3-0, што вкупно му е 36-ти трофеј во кариерата, со што е единствен на вечната листа.
Феноменалниот десен бек зад себе ги остави легендите на Ливерпул и на Манчестер јунајтед, Кени Далглиш, односно Рајан Гигс, коишто освоија по 35 трофеи.
Алвес со Барселона освои дури 23 трофеи, пет со Севилја, два со ПСЖ, два со Јувентус и четири со бразилската репрезентација.
Шест пати го освои Лига купот, по пет пати Суперкупот на Шпанија и Кралскиот куп, четири пати Суперкупот на Европа, по три пати Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, по двапати Купот на УЕФА и Купот на конфедерациите...
Извесно е дека ќе ја продолжи низата бидејќи „светците“ за неколку седмици и математички ќе ја обезбедат шампионската титула во Франција.
Меѓу играчите со најмногу освоени трофеи, покрај споменатите Алвес, Гигс и Далглиш, се и Витор Баја (33), Ваел Гома (32), Златан Ибрахимовиќ (32). Андрес Иниеста, Жерар Пике и Лионел Меси исто така имаат повеќе од 30, Пеле има 29, Чави 28...
Трофеите на Дани Алвес: шест шампионски титули на Шпанија, пет на Кралскиот куп, пет на Суперкупот на Шпанија, една титула на Лига купот на Франција, една на Суперкупот на Франција, една шампионска титула на Италија, еден трофеј на Купот на Италија, еден трофеј на Куп Нордесте, три титули на Лигата на шампионите, две на Купот на УЕФА, четири на Суперкупот на Европа, три пати Светското клупско првенство, еднаш Купот на Америка и два пати Купот на конфедерациите.

Најнови вести