Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
29.3.2018

Стерлинг меѓу Сити и Реал, ќе одлучи по Светското првенство

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг би можело во наредниот преоден рок да го напушти Манчестер сити и да направи трансфер во Реал Мадрид.

Манчестер сити е подготвен на итриот страничен напаѓач да му понуди нов договор, финансиски двојно поголем со плата од 400.000 евра седмично, но повикот од страна на шампионот на Европа би можело да ги расипе работите, пишува „Дејли мирор“.
Рахим Стерлинг ја игра најдобрата сезона во кариерата, веќе постигна 20 гола и многу напредуваше под водство на менаџерот Пеп Гвардиола, па сега сака да го почека крајот на Светското првенство и потоа да одлучи за неговата иднина, пишува „Дејли Мирор“.
Клубот од „Етихад“ би сакал таков потег како со Кевин де Бројне да повлече и со неколкумина истакнати првотимци и да потпише нови договори со нив за да се осигури.
Едно е сигурно, Реал налето ќе почне со реконструкција на екипата и полека го составува списокот на потенцијални засилувања, а на врвот на листата е Стерлинг.

Најнови вести