Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2018

Дињ поради повреда ќе ја пропушти Рома

Францускиот дефанзивен играч Лукас Дињ поради повредата нема да има можност да ѝ помогне на Барселона во средбата со Рома во Лигата на шампионите.

Дињ ќе паузира околу три седмици, соопшти вчера шпанскиот клуб, така што ќе ги пропушти двете четврт-финални средби со неговиот некогашен тим.
Левиот бек се врати во Барселона со повреда на бутниот мускул, со која се здоби играјќи за националниот тим на Франција во дуелот со Колумбија.
Тој би требало да се врати на теренот во втората половина на април и би можело да игра во финалето на Кралскиот куп против Севилја.
Французинот за Рома играше во сезоната 2015/16 како играч на заем од ПСЖ.

Најнови вести