Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
28.3.2018

Крос: Германија не е толку добра како што мислат сите

Тони Крос, фудбалерот на Германија, изјави дека „панцирите“ треба да го искористат поразот од Бразил за да бидат на очекуваното ниво на Светското првенство.

Актуелниот светски шампион изгуби со минимален резултат на пријателскиот натпревар. На натпреварот кој се играше на Олимпискиот стадион во Берлин единствениот гол го постигна Габриел Жесус, напаѓачот на Манчестер сити, со глава во 37-мата минута.
Тоа беше прв пораз на Германија по 22 одиграни натпревари.
„Во второто полувреме игравме малку подобро во однос на првото, но негативните резултати засенуваат сè“, изјави незадоволно Крос.
„Покажавме дека можеби не сме толку добри како што мислат некои луѓе или како што мислиме ние самите. Беше прелесно да се игра против нас. Имаше неколку играчи на теренот коишто требаше да го покажат потенцијалот, но не го направија тоа. Изгубивме премногу топки, дел поради технички грешки, а дел поради тоа што не бевме подготвени за дуели. Имаме на што да работиме до почетокот на Светското првенство“, додаде Крос.
Германија на Мундијалот ќе игра во групата со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

Најнови вести