Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
28.3.2018

Аргентина без Меси понижена во Мадрид со 6-1

Фудбалерите на Шпанија целосно ја надиграа Аргентина со 6-1 во пријателскиот натпревар одигран во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Во последниот натпревар на денот, некогашниот фудбалски шампион на светот без Лионел Меси изгледаше како топовско месо за „црвената фурија“, а Иско им даде три гола на „гаучосите“.
Диего Коста за ранливоста на Аргентина укажа уште во 12-тата минута, кога добро се префрли во средината, по додавањето на Асенсио, и даде гол за 1-0.
Петнаесет минути подоцна, Иско, практично заборавен во казнениот простор, го постигна неговиот прв гол. Асенсио уште еднаш беше асистент од страна и по земја.
Отаменди по корнерот во 39-тата минута, успеа да намали на 2-1 и со тој резултат заврши првото полувреме. Иско во 52-рата минута го даде третиот гол, по додавањето на Аспас, а уште еднаш средината на казнениот простор остана непокриена во добраната.
Само три минути подоцна, Алкантара го зголеми резултатот на 4-1, во 73-тата минута, по исфрлањето на Давид де Хеа од прва, во стрелците се запиша и Аспас, а во 74-тата минута Иско со третиот гол по пресечената топка и големиот кикс на Отаменди, стави точка на овој натпревар и катастрофата која Аргентина тешко ќе ја заборави.

Најнови вести