Корисничко име Лозинка Пријави се
23.3.2018

Хамилтон недофатлив, Ферстапен прв придружник

Се одржаа првите два слободни тренинга пред првата трка на сезоната во Мелбурн. Најбрзо време на двата тренинга постави Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес и актуелен светски шампион, а зад него беа Макс Ферстапен и Валтери Ботас.

На првиот тренинг Хамилтон со време од 1:24.026 беше побрз од тимскиот колега Ботас околу половина секунда, додека во однос на младиот Холанѓанец од Ред Бул имаше предност од 750 илјадити делови од секундата. Треба да се знае дека Ферстапен не возеше на најбрзата компонента на пневматици, токму како ни четвртиот и петтиот, Кими Раиконен и Себастијан Фетел, двајцата од Ферари.
На вториот тренинг Хамилтон повторно беше најбрз. Извози за време од 1:23.931, но конкуренцијата беше поблиску. Ферстапен заостануваше 127 илјадинки, Ботас 228, Раиконен 283, а Фетел 520. Како пријатно изненадување треба да се издвои шестото место на Роман Грожан во Хас, кој беше подобар од Даниел Рикијардо, а Фернандо Алонсо со Мекларен беше осми, иако на првиот тренинг англискиот тим имаше доста проблеми.
Класификациите на програмата се утре, од седум часот наутро по средноевропско време, а трката ќе се вози еден ден подоцна во истото време.

Најнови вести