Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2018

„Доаѓа Санчес, не смееш да го претепаш“

Маркос Рохо, фудбалерот на Манчестер јунајтед, изјави дека Алексис Санчес, неодамнешниот напаѓач на Арсенал, не бил омилен кај „црвените ѓаволи“.

Нетрпението кое Аргентинецот го чувствуваше кон Чилеанецот дојде до граница на физичка пресметка, но сега сè е во ред и тие двајца се пријатели.
„Алексис е одличен фудбалер, но не се сакавме на теренот. Секој пат кога играме еден против друг, без оглед на тоа дали се клубовите или репрезентациите, секогаш добро го тепав, а и тој мене. Дури и го навредував“, изјави Рохо.
Првата реакција кога дознал дека Санчес доаѓа во Јунајтед, била многу бурна, но страстите го смирил Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер.
„Кога дознав дека доаѓа во Манчестер, бев шокиран, ’не е можно, па тој сега доаѓа овде’. Мурињо тогаш ми кажа дека ќе го доведе Санчес, но дека не смеам да го претепам на тренингот. Тогаш сите се насмеавме, но сега сме добри другари“, додаде Аргентинецот.

Најнови вести