Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2018

Меси: Ќе го освојам Мундијалот или ќе се повлечам од репрезентацијата

Напаѓачот на Барселона сè уште нема трофеј со Аргентина, еднаш веќе се повлече од државниот тим по поразот на пенали во финалето на Копа Америка од Чиле во 2016 година, но подоцна се премисли.

Аргентинецот Лионел Меси, еден од двата најдобри фудбалери на светот, денес изјави дека ќе се повлече од репрезентацијата доколку не го освои Мундијалот во Русија ова лето.
Напаѓачот на Барселона сè уште нема трофеј со Аргентина, еднаш веќе се повлече од државниот тим по поразот на пенали во финалето на Копа Америка од Чиле во 2016 година, но подоцна се премисли.
„Го сонувам освојувањето на Светското првенство во Русија. Доколку не успееме во тоа, единствено што преостанува е да се повлечам од репрезентацијата“, изјави меси за аргентинската телевизија „Ла Корниса“.
Меси за репрезентацијата на Аргентина дебитираше во 2005 година, одигра 123 натпревари, а најблиску до освојување на светското злато беше на минатиот шампионат во Бразил, кога Аргентина беше поразена во финалето против Германија со голот на Марио Гетце во продолженијата.
Два пати изгуби и во финалето на Копа Америка, и двата пати од репрезентацијата на Чиле.
Триесетгодишниот Меси со Барселона освои многу трофеи, но немаше успех со репрезентацијата на Аргентина, со која изгуби на три големи финалиња – на Светското првенство во 2014 и во Купот на Америка во 2015 и 2016 година.
„Многу пати сум плачел поради тие натпревари, за изгубените финалиња, поради нивното значење и што не сум успеал да го исполнам сонот на мојата земја. Тие три финалиња се тешки удари. Се чини дека нам не ни помогнало тоа што сме играле во три финалиња“, изјави Меси за аргентинската телевизија, а пренесе „Евроспорт“.

 

Најнови вести