Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2018

Алонсо по стапките на дедо му и татко му до дресот на „црвената фурија“

Маркос Алонсо, фудбалерот на Челзи, конечно доби повик од репрезентацијата на Шпанија за пријателските натпревари против Германија и Аргентина.

Левиот бек на „сините“ тргна по стапките на дедо му Имаз и татко му Пења, коишто исто така играа за шпанската селекција додека своевремено настапуваа за Реал Мадрид, односно за Барселона и Атлетико од Мадрид.
Најмладиот Алонсо кариерата ја почна во Реал, но дури по настапите за Болтон, Сандерленд и Фиорентина се докажа во Челзи и го заслужи повикот од селекторот Хулен Лопетеги.
Покрај Алонсо, за прв пат се повикани и Даниел Парехо, капитенот на Валенсија, и Родриго од Вилјареал, додека од списокот испадна Алваро Мората, напаѓачот на Челзи, а на негово место се врати Диего Коста.
Шпанија на 23-ти март ќе игра во Диселдорф против Германија, а четири дена подоцна ја чека Аргентина на мадридскиот стадион „Ванда Метрополитано“.

Најнови вести