Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2018

Рохо во Манчестер јунајтед уште три години

Маркос Рохо, фудбалерот на Манчестер јунајтед, го продолжи договорот до 2021 година, објави вчера клубот од „Олд Трафорд“.

Аргентинецот, кој веќе еден месец е надвор од теренот поради повреда, ќе има опција да остане уште една сезона по истекувањето на соработката со Јунајтед.
Овој 27-годишен дефанзивен играч три и пол сезони е член на клубот од „Театарот на соништата“ откако направи трансфер од лисабонскиот Спортинг и за тоа време ги освои ФА купот, Лига купот, Лигата на Европа и Комјунити шилд.
Претходно играше за Спартак од Москва и за аргентинскиот Естудијантес, додека за репрезентацијата настапи 54 пати и постигна два гола.

 

Најнови вести