Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2018

Јувентус против Реал, ждрепката ги спои Англичаните

Четврт-финалната рунда на Лигата на шампионите ќе ја обележи дуелот меѓу двата гиганти на европскиот фудбал, Јувентус и Реал Мадрид!

Тоа ќе биде реприза на финалето од минатата сезона. Во другото дерби на фазата, ждрепката ги спои единствените два англиски клуба, Ливерпул и Манчестер сити.
Барселона ќе игра со другиот италијански клуб, Рома, додека најлесна работа на хартија има Баерн Минхен, кој ќе игра двомеч со Севилја.
Првите натпревари од четврт-финалето ќе се играат на трети и четврти април, а реванш-натпреварите на десетти и на 11-ти. Ждрепката за полуфиналето ќе се одржи на 13-ти април, а натпреварите на 24-ти и 25-ти април и на први и втори мај. Финалето се игра на 26-ти мај во Киев.

Лига на Европа, четврт-финале:
Барселона – Рома
Севилја – Баерн Минхен
Јувентус – Реал Мадрид
Ливерпул – Манчестер сити

Најнови вести