Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
16.3.2018

Венгер за пеналот: Не би го обвинил Велбек

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека не мисли дека Дени Велбек симулирал за пеналот кој беше досуден за неговиот тим во дуелот со Милан.

Арсенал славеше во реваншот на „Емирати“ со 3-1 и се пласира во четврт-финалето на Лигата на Европа.
„Кога ќе го видам пеналот, ќе ви дадам искрен одговор. Не сакам да го обвинам Велбек пред да ја видам снимката“, изјави менаџерот на „топчиите“.
„Ова беше отворен натпревар. Во првото полувреме игравме малку повлечено бидејќи го штитевме резултатот. Игравме против силна екипа. Мораме да ја подобриме одбраната, но генерално ние сме техничка екипа која, пред сè, е ориентирана кон нападот. По малку се мачиме кога треба да се браниме. Во второто полувреме игравме многу подобро. Му честитам на Милан, сепак ни ги отежнаа работите“, искрено изјави Венгер.

Најнови вести