Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2018

Меси го растури Челзи, Барселона лесно до четврт-финалето

Фудбалерите на Барселона убедливо го совладаа Челзи со 3-0 (2-0) и се пласираа во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Каталонците ги растурија гостите од Лондон уште во првото полувреме со двата постигнати гола по брзата акција откако одбраната на „сините“ направи грешка.
Блескаше Лионел Меси, кој учествуваше во сите три гола, постигна два, а кај едниот асистираше. Аргентинецот дојде до јубилејниот стоти гол во натпреварувањето.
Фудбалерите на Челзи имаа иницијатива во поголемиот дел од натпреварот, но многу лесно испаднаа во одбраната при брзата реакција на Каталонците.
Англичаните немаа ни доволно среќа, дефанзивните играчи Алонсо и Ридигер ја погодија стативата на голот на „Камп ноу“.
Барса зголеми уште во третата минута, по акцијата на Суарес и Меси, кои речиси од мртов агол успеаја да го совладаат Куртуа.
Потоа следуваше иницијатива на Челзи, а штом гостите ја направија следната грешка, следуваше новиот гол, а се играше само 20-тата минута од средбата.
Лошо реагираше Фабрегас во средината на теренот, по што одбранат на Барса ја удри топката, Меси ја украде и експресно стигна до шеснаесетникот, а потоа го проигра Дембеле, кој со силен удар го постигна првиот гол во Лигата на шампионите во дресот на Барселона.
Челзи на крајот на првото полувреме пропушти две одлични шанси за гол, Тер Штеген го одбрани ударот на Жиру, додека Вилијам го спречи Канте, а во последната минута Алонсо ја погоди стативата од слободен удар.
Барселона во продолжението на натпреварот целосно ја умртви играта, чекаше нова грешка на гостите и ја дочека по половина час игра.
Каталонците повторно со брза комбинација ја исфрлија речиси цела одбрана на Челзи, Суарес ја турна топката до Меси, кој ја испрати низ нозете на Куртуа за конечни 3-0.
Ждрепката на паровите ќе се одржи утре, напладне. Првите натпревари на програмата се на трети и на четврти април, а реваншите на десетти и на единаесетти.

Најнови вести