Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2018

Фабрегас: Ќе биде тешко, „Камп ноу“ е голем...

Сеск Фабрегас, фудбалерот за врска на Челзи, изјави дека се радува што повторно ќе се сретне со Лионел Меси, но дека сè ќе направи ѕвездата на Барселона да одигра лош натпревар во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Челзи и Барселона на „Стемфорд бриџ“ одиграа нерешено (1-1), а во реваншот Фабрегас ќе се врати на „Камп ноу“, каде што играше од 2011 до 2014 година.
„Ако имам доволно среќа да заиграм, вистина е дека јас и Меси ќе бидеме на слични позиции на теренот. Ќе биде тешко да се запре, но јас ќе дадам сè од себе да му биде непријатно. Го гледам како ривал кој сака да победи, а и јас исто така. Во различни тимови сме и ќе се бориме за дресовите што ги носиме, но секогаш се почитуваме“, изјави Фабрегас.
„Ќе биде тешко бидејќи ’Камп ноу’ е голем и ќе мора многу да се трча, но заедно ќе работиме. Ќе биде клучно да ја искористиме секоја шанса што ќе ни се укаже. Никогаш не сум посветувал толку внимание на тактиката колку во Челзи, и тоа се покажува на теренот“, додаде Фабрегас.
Реванш-натпреварот на програмата е вечерва, од 20.45 часот.

Најнови вести