Корисничко име Лозинка Пријави се
08.3.2018

Венгер: Лигата на Европа добива на значење

Дербито на осминафиналето на Лигата на Европа го играат Милан и Арсенал.

За двата клуба ова натпреварување има огромно значење, многу поголемо отколку на почетокот на сезоната со оглед на тоа дека скоро им е затворена вратата за пласман во Лигата на шампионите преку националните првенства.
Ова особено се однесува на Арсенал кој сериозно заостанува во трката за четвртото место во Премиер лигата. „Топчиите“ имаат 13 бодови помалку од Тотенхем и Венгер е свесен дека неговиот тим има поголема шанса да избори пласман во елитата преку второто по ранг европско натпреварување.
„Потребно ни е двата тима да изгубат многу бодови, а тоа не се чини реално во овој момент и тешко е дури и да се замисли. Секако, мораме да дадеме сè од себе сè додека постојат шанси. Сега на сите им е јасно дека Лигата на Европа станува многу важна“, изјави Венгер.
Ни Милан не е во многу подобра ситуација затоа што со натпревар помалку зад четврто пласираниот Лацио  заостанува осум бодови, но „росонерите“ се во многу подобра форма од Арсенал. Немаат пораз во 2018 година, во серија се од 13 меча без пораз во сите натпреварувања, што е резултат на одличната игра во одбраната по што Донарума не примил гол цели 600 минути.
Првиот натпревар се игра вечерва на „Сан Сиро“ во 19 часот, а реваншот е на „Емирејтс“ за седум дена.

Најнови вести