Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2018

Сомнителен пенал и кикс на Барселона, Атлетико е сè поблиску

Фудбалерите на Барселона одиграа нерешено 1-1 со Лас Палмас во гости во натпреварот од 26-тото коло на шпанската Примера лига, па сега имаат само пет бода повеќе во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид.

Каталонците поведоа со голот на Лионел Меси од слободен удар во 21-вата минута, а изедначи Калјери од пенал во 48-мата.
Се чинеше дека сè ќе биде според планот на тимот на Валверде и дека ќе го забележи третиот последователен триумф – Меси по самостојното пробивање изнуди слободен удар, а потоа од работ на казнениот простор ја испрати топката во горниот десен агол.
За Аргентинецот тоа беше четврти гол од слободен удар оваа сезона, вкупно 22-ри од 290 обиди, додека Роналдо има 19 од 308 обиди.
Чичисола, голманот на Лас Палмас, во самиот финиш на натпреварот истрча надвор од 16-те метри со намера да ја удри топката, но таа го погоди во рака. Гостите побараа индиректен удар и тој да биде исклучен од натпреварот, но судијата одлучи да отсвири крај на првите 45 минути.
Тоа беше само почеток на бесот на навивачите на Барселона кон судијата Лахос. Серџи Роберто го собори Аргентинецот, а каталонските играчи претходно бараа фаул во нападот на Вермелен. Калјери шутираше прецизно во горниот лев агол и на неговиот тим му донесе изедначување.
До крајот на натпреварот најдобрата шанса за победа на Барселона ја пропушти Луис Суарес, а домаќинот организирано се бранеше и освои вреден бод.
Тимот од Канарските Острови и понатаму е во зоната за испаѓање, се наоѓа на 18-тото место со 20 бода, а Барселона е прва со 66 освоени бода и во недела, во 16.15 часот ќе гостува кај второпласираниот Атлетико во Мадрид.
Во преостанатите два натпревари вчера, Бетис и Реал Сосиедад ремизираа без голови, додека Алавес го совлада Леванте со 1-0, со голот на Лагуардија во 90-тата минута.

Најнови вести