Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2018

УЕФА не простува – Вардар казнет три месеци по натпреварот со Розенборг

Шампионот на Македонија е парично казнет поради пропустите во организацијата на натпреварот со Розенборг во последното коло од групната фаза на Лигата на Европа.

Европската фудбалска унија го казни Вардар од Скопје со 30.000 евра поради лошата организација на натпреварот против норвешкиот Розенборг.
Македонскиот шампион е казнет поради тоа што навивачите користеа пиротехнички средства и фрлаа предмети на теренот и за недоволно добрата организација.
Дуелот меѓу Вардар и Розенборг одигран на седми декември минатата година во Скопје, беше натпреварот од последното коло на групната фаза на Лигата на Европа и заврши со резултат 1-1.

Најнови вести