Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2018

УЕФА го суспендира Насри

Францускиот фудбалер Самир Насри е суспендиран на шест месеци поради користење допинг, соопшти УЕФА.

Првобитно  од УЕФА беше санкциониран на две години, но поднесе жалба и казната е намалена.
Поранешниот играч за врска на Арсенал и на Манчестер сити се обвинува поради тоа што во 2016 година, додека настапуваше за Севилја, бил на третмани во една клиника во Лос Анџелес, каде што во организмот му вбризгувале имунолошки средства, и тоа сè под изговор дека дехидрирал.
Насри, кој неодамна го раскина договорот со турската Анталија, и на оваа казна ќе има право на жлаба.

Најнови вести