Корисничко име Лозинка Пријави се
24.2.2018

Икарди замена за Кавани, ПСЖ му нуди на Интер 110 милиони евра

ПСЖ се вклучи во трката со Реал Мадрид за Мауро Икарди, голгетерот и капитен на Интер, и е подготвен да понуди 110 милиони евра.

Парижаните на одличниот Аргентинец би му дале 40 милиони евра за петгодишен договор во улога да го замени Единсон Кавани, кој извесно е дека ќе замине налето поради несогласувањата со првата ѕвезда на тимот, Нејмар.
Но, нивната понуда е пониска од таа на Реал, кој нуди пет милиони евра повеќе и од 30 до 50 отсто од приход на ликот на Икарди.
Интер полека го губи трпението со Икарди, посебно поради честите барања на неговата жена и агент Ванда Нара околу подобрувањето на финансиските услови и во следниот преоден рок ќе ги сослуша сите понуди.
Икарди во Интер игра од 2013 година, кога направи трансфер од Сампдорија и набрзо стана лидер на екипата.

Најнови вести