Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
26.12.2011

Хасани го засилува Волфсбург

Волфсбург во новата година ќе влезе посилен за младиот напаѓач Ферхан Касани, кој е прогласен за најдобар фудбалер во Првата фудбалска лига на Македонија.

Дваесет и едногодишниот напаѓач на Шкендија се договори со „волците“ на три години, а договорот почнува од први јануари 2012 година.
Хасани со тринаесет постигнати погодоци минатата година со својот клуб стана шампион, а за репрезентацијата досега изброи шест настапи. Дебитираше минатата сезона против Кина на пријателски натпревар.
„Среќен сум што оваа сага околу мојот трансфер конечно заврши и што ќе добијам можност да заиграм за голем клуб каков што е Волфсбург“, изјави Хасани.
Наградата за најдобар македонски фудбалер кој настапува надвор од земјата заврши во рацете на дваесет и четиригодишниот напаѓач на АПОЕЛ, Иван Тричковски. Кипраните се најголемо изненадување во групната фаза од Лигата на шампионите, а Тричковски ова признание го добива откако пет години по ред тоа го освојуваше Горан Пандев.

Најнови вести