Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2018

Мурињо: Целата екипа трпи поради Погба

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, ги демантираше приказните за судирот со Пол Погба и наведе дека има добра комуникација со најскапиот играч во историјата на клубот.

Португалецот изјави дека признава дека играта на Погба е под очекувањата во последно време и дека целиот тим трпи поради тоа, но дека тоа не довело до судир меѓу нив двајца.
„Пол е свесен дека не игра на очекуваното ниво во последно време, но не сакам да откривам детали од разговорите со своите играчи. Голема лага е дека имаме лош однос, дека не комуницираме и дека имаме различно мислење за позицијата во тимот на која би требало да игра. Јас и тој треба да го пронајдеме најдоброто решение“, изјави Мурињо на конференцијата за новинарите пред натпреварот против Хадерсфилд во осминафиналето на ФА купот.
Мурињо најави дека репрезентативецот на Франција ќе биде во конкуренција за натпреварот кој се игра денес, од 18.30 часот.

Најнови вести