Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2018

Колина во борба против „касапите “: Стоп за дивјачките фаули

Европската фудбалска унија ги потсети арбитрите да ги заштитат играчите и да ги казнат оние кои во европските натпреварувања прават сериозни и груби прекршоци.

УЕФА наведе дека арбитрите имаат должност да го заштитат имиџот на фудбалот.
„Нам ни требаат фудбалери коишто играат, па тие мора да бидат заштитени. Не сакаме ситуации во коишто иднината на фудбалерите е загрозена поради сериозни повреди предизвикани од стартот на противничкиот играч, без оглед дали имало намера“, изјави Пјерлуиџи Колина, шефот за судење на УЕФА.
УЕФА ги потсети судиите на обврските бидејќи Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер јунајтед, побара од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија да ги заштитат играчите од грубите прекршоци откако Лерој Сане беше повреден во натпреварот против Кардиф во ФА купот во јануари.
„Фудбалерите мора да сфатат дека треба да ги почитуваат своите противници и да покажат такво позитивно однесување какво што сакаат да добијат од другите играчи“, изјави Колина, еден од најдобрите главни арбитри на сите времиња.
Колина додаде дека во УЕФА не го толерираат притисокот од група фудбалери при донесувањето одлуки за време на натпреварите.
„Кога гледам дека вршат мобинг врз судијата, тоа е неприфатливо, тоа не е пораката која сакаме да ја пренесе фудбалот“, додаде Колина.

Најнови вести