Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2018

Јувентус подготвен да го сруши рекордот на Нејмар

Според „Дон Балон“, Јувентус од Торино наводно е подготвен да му плати на Тотенхем 250 милиони евра за Хари Кејн.

Јувентус минатата година остана без трофејот во финалето на Лигата на шампионите, а со купувањето на Кејн, сега би го засилил нападот во којшто моментно е Пауло Дибала.
„Дон Балон“ пишува дека Јувентус нема намера да ги брка Кристијано Роналдо, Лионел Меси или Нејмар бидејќи е свесен дека е тешко да ги купи. Нејмар минатата година го собори рекордот со трансферот во ПСЖ за 222 милиони евра.
Една од намерите на торинската екипа е да ја освои Лигата на шампионите пред да се пензионира Џанлуиџи Буфон. Буфон неговото повлекување го најави минатата година, кога Италија остана без Мундијалот, изјавувајќи дека на крајот на оваа сезона ќе ја заврши кариерата.
Тешко е да се поверува дека „старата дама“ само поради Буфон е подготвена да му плати 250 милиони евра на Тотенхем. За напаѓачот на „петлите“ наводно е заинтересиран и Реал Мадрид.

Најнови вести