Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2018

ФА куп: Ламела го „урна“ сонот на Њупорт

Фудбалерите на Тотенхем од Лондон беа подобри од Њупорт каунти со 2-0 во натпреварот од шеснаесетфиналето на најстарото фудбалско натпреварување на светот.

Тимот од северниот дел на Лондон доминираше во средбата и лесно дојде до пласман во наредната фаза на Купот.
Мрежата на клубот од четвртата лига прво ја начна одбранбениот играч Ден Батлер со автоголот во 26-тата минута, а осум минути подоцна Ерик Ламела го постави конечниот резултат 2-0.
Голот на Аргентинецот Ламела му беше прв за „петлите“ по 504 дена – последен пат Ламела постигна погодок за Тотенхем дури во септември 2016 година во Лига купот против Гилингам.
Во наредната фаза од ФА купот Тотенхем ќе игра против Рочдејл, кој го декласира Милвол.

Најнови вести