Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
07.2.2018

Алексис Санчес во Шпанија осуден на 16 месеци затвор

Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчес, новиот фудбалер на Манчестер јунајтед, е осуден на 16-месечна затворска казна поради затајување данок во Шпанија, која нема да ја служи зад решетки бидејќи за тоа е потребно судската санкција да биде во траење најмалку од две години.

Некогашниот офанзивен играч на Арсенал, кој во зимскиот преоден рок дојде на „Олд Трафорд“, постигнал договор со шпанското обвинителство и го признал затајувањето данок во износ од милион евра, поради што и ја добил казната која не подлежи на испраќање во затвор.
Санчес е обвинет за затајување данок на заработката од авторските права на неговиот лик, а сè во периодот додека го носеше дресот на Барселона, односно од 2012 до 2013 година.
Дваесет и деветгодишниот Чилеанец во целост ја прифатил вината за непријавениот данок, а исто така и ги надополнил сите обврски коишто му ги наметнале шпанските даночни обврзници.
Во Шпанија изминатиот период се покренати повеќе судски постапки против познати фудбалери поради тој законски прекршок, а меѓу нив се и Лионел Меси, кој прво беше осуден на 21 месец затвор, а потоа и парично, како и Хавиер Маскерано, Анхел ди Марија, Фалкао и Кристијано Роналдо.

Најнови вести