Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2018

Баерн убедливо до полуфиналето на Купот

Фудбалерите на Баерн од Минхен со убедлив триумф се пласираа во полуфиналето на Купот на Германија.

„Баварците“ ја оправдаа улогата фаворит и ја совладаа екипата на Падерборн во гости со резултат 6-0.
Во 19-тата минута Кингсли Коман ја искористи гужвата во казнениот простор и му донесе предност на Баерн, а шест минути подоцна Роберт Левандовски ја продолжи голгетерската серија.
До крајот на полувремето Џошуа Кимих ја отстрани дилемата околу победникот, додека Толисо на почетокот на второто полувреме ја најави катастрофата на второлигашот.
Арјен Робен во финишот се запиша во листата на стрелците кога на карактеристичен начин ја круниса прекрасната акција на неговиот тим, а три минути подоцна го постави конечниот резултат.
Синоќа Баер Леверкузен го совлада Вердер Бремен со 4-2, а денес на програмата се двата преостанати четврт-финални пара.

Најнови вести