Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2018

Алегри: Седмо последователно Скудето? Би било легендарно

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, по победата над Џенова, изјави дека неговата екипа била уморна на крајот на натпреварот, а даде коментар и за трката за титулата.

„Пред крајот на натпреварот бевме малку уморни, повеќе отколку што бевме загрижени за резултатот“ изјави Алегри по натпреварот.
Екипата на Јувентус ја победи Џенова со 1-0 во последниот натпревар од 21-вото коло на Серија А.
„За нас беше важно да победиме по малата пауза за да останеме во трката со Наполи“, изјави Алегри.
Наполи е прв на табелата со еден бод повеќе од Јувентус, кој титулата во Серија А ја освојуваше во претходните шест сезони.
„Тоа е предизвик за сите нас во клубот, да се освои седмото Скудето по ред би било неверојатно, повеќе од легендарно, така што мораме да работиме напорно и да го чекаме вистинскиот момент“, изјави тренерот на Јувентус.
Овие седмици се шпекулира дека Един Џеко, напаѓачот на Рома, би можело да направи трансфер во Челзи, а Алегри не сакаше да коментира за другите.
„Не знам, ајде да продолжиме со трката со Наполи, а сите останати да ги оставиме зад нас“, изјави Алегри.
Јувентус во наредното коло на Серија А ќе гостува кај Киево. Натпреварот на програмата е во сабота, од 20.45 часот.

Најнови вести