20.1.2018 ЕП: Германија и Данска ги предизвикаа Македонија и Шпанија
Со вчерашните победи Данска и Германија го продолжуваат настапот на 13-тото Европско првенство во ракомет и ги истиснаа „црвено-жолтите“ од лидерската позицијата во Групата 2 во Вараждин.
Данска синоќа ја победи репрезентацијата на Словенија со резултат 31-38 (на полувремето 16-14) и со тоа го зазеде првото место на табелата. Кај Данците најефикасен играч на натпреварот беше Сван, кој постигна 11 погодоци, шест даде Мортенсен, колку што постигна Зарабац во селекцијата на Словенија. Пет погодоци постигна Јанц, а Мецковшек со четири беше трет стрелец за тимот на Веселин Вујовиќ, кој останува само со бодот освоен во Загреб.
Германија дури во последните десет минути успеа да ја совлада Чешка со 22-19 (на полувремето беше 9-10). Најдобар стрелец кај европскиот шампион беше Фат со осум реализирани гола, додека кај Чесите лидер беше Чип со шест погодоци, а по четири постигнаа Кашпарек и Здрахала.
Натпреварувањето во Вараждин продолжува утре, кога попладнето (18.15 часот) ќе се сретнат Германија и Данска, а вечерта (20.30) е дуелот меѓу црвено-жолтите селекции во групата – Македонија и Шпанија.
Група 2 (Вараждин) , трето коло
Словенија – Данска 28-31
Германија Чешка 22-19
Табела: Данска 4, Германија 4, Македонија 3 (-1), Шпанија 2 (-1), Чешка 2, Словенија 1.
Двојки за четврто коло: Германија – Данска (18.15 ч.), Македонија – Шпанија (20.30)
Денес на Европското првенство:
Шведска – Франција (18.15 ч.)
Хрватска – Норвешка (20.30 ч.)
Табела: Норвешка 4, Шведска 4 (-1), Хрватска 4, Франција 4 (-1), Белорусија 0, Србија 0.