Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2018

Лига на нации: Македонија носител во Лигата Д

Пред ждрепката за првата Лига на нациите ќе се одржи на 24-ти јануари, а познати се и носителите на групите за сите лиги.

За Лига А одредени се три шешири. Во првиот шешир носители се Германија, Португалија, Белгија и Шпанија. Во вториот шешир се Франција, Англија, Швајцарија и Италија, а во третиот, според ранг-листата на УЕФА, се Полска, Исланд, Хрватска и Холандија.
Со ждрепката ќе се добијат четири групи со по три репрезентации, а победниците на групата ќе играат во финалето на Лигата на нациите на УЕФА во рамките кога ќе се одиграат полуфиналето, натпреварот за третото место и финалето. Финалето ќе се одигра во јуни 2019 година, а домаќинот ќе се одреди подоцна. Репрезентациите кои ќе бидат последни во своите групи, следната Лига на нациите во 2020 година ќе играат во Лига Б. Победниците на групите кои низ квалификациите нема да обезбедат место на Европското првенство, ќе играат во плејофот во март 2020 година и еден од нив ќе обезбеди место на шампионатот на Европа.
И во Лига Б има три шешири.
Во првиот се Австрија, Велс, Русија и Словачка, во вториот Шведска, Украина, Република Ирска и Босна и Херцеговина, а во третиот Северна Ирска, Данска, Чешка и Турција.
Во Лига Б ќе има три групи со четири репрезентации, Русија и Украина не може да бидат во иста група. Последнопласираната екипа 2020 година се сели во Лига Ц, а победниците ќе бидат во Лига А. Победниците на групата кои низ квалификациите нема да обезбедат место на Европското првенство, ќе играат плејоф во март 2020 година и еден од нив ќе обезбеди место на шампионатот на Европа.
Тоа важи и за Лига Ц, за која има четири шешири.
Во првиот шешир се Унгарија, Романија, Шкотска и Словенија, во вториот Грција, Србија, Албанија и Норвешка, а во третиот Црна Гора, Израел, Бугарија и Финска, додека во четвртиот се Кипар, Естонија и Литванија.
Овде ќе има една група со три репрезентации и три групи со по четири. Поради климатските услови, во една група најмногу може да бидат две селекции од списокот на којшто се наоѓаат Норвешка, Финска, Естонија и Литванија. Последнопласираната екипа во2020 се сели во Лига Д, а победниците на групата ќе бидат во Лига Б. Победниците на групата кои низ квалификациите нема да обезбедат место на Европското првенство, ќе играа плејоф во март 2020 година и еден од нив ќе обезбеди место на шампионатот на Европа.
И за Лига Д има четири шешири.
Во првиот шешир се Азербејџан, Македонија, Белорусија и Грузија, во вториот Ерменија, Летонија, Фарски Острови и Луксембург. Во третиот шешир се Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн и Малта, додека во четвртиот Андора, Косово, Сан Марино и Гибралтар.
Тимовите ќе бидат поделени во четири групи по четири, Ерменија и Азербејџан не може да бидат во иста група, а поради големата оддалеченост, во една група најмногу може да биде по еден од следните парови: Адора – Казахстан, Фарски Острови – Казахстан, Гибралтар – Казахстан, Гибралтар – Азербејџан. Победниците на групата ќе играат во Лига Ц. Победниците кои низ квалификациите нема да обезбедат место на Европското првенство, ќе играат плејоф во март 2020 година и еден од нив ќе обезбеди место на Европскиот шампионат.

Календар на одигрувањето на натпреварите:
Групна фаза: 24-ти јануари 2018 (12.00), Лозана
Коло 1: 6–8 септември 2018
Коло 2: 9-11 септември 2018
Коло 3: 11-13 октомври 2018
Коло 4: 14-16 октомври 2018
Коло 5: 15-17 ноември 2018
Коло 6: 18-20 ноември 2018
Ждрепка за финале: прва половина на декември 2018
Финалиња: 5-9 јуни 2019
Европско првенство 2020 ждрепка за плејоф: 22 ноември 2019
Европско првенство плејоф: 2020  26-31 март 2020

Најнови вести