Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2018

Отаменди останува во Сити до 2022 година

Аргентинскиот фудбалер Николас Отаменди го продолжи договорот со Манчестер сити до 2022 година.

Аргентинецот оваа сезона е во одлична форма, а досега пропушти само еден од 23-те одиграни натпревари во Премиер лигата.
Тој во Манчестер сити дојде во 2015 година и оттогаш одигра 118 натпревари.
Отаменди пред Валенсија, четири сезони играше за Порто, а настапуваше и за Велес Сарсфилд и Атлетико Минеиро.

Најнови вести