Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
18.1.2018

Себичниот Нејмар му го украде пеналот на Кавани и спречи историја

Нејмар да Силва повторно го навлече бесот на светската фудбалска јавност со неговата себичност.

Бразилецот вчера повторно на Единсон Кавани му ја одзеде предноста за изведување на пеналот  во моментот кога имаше хет-трик!
Нејмар седум минути пред крајот на натпреварот во којшто ПСЖ го совлада Дижон дури со 8-0, ја одзеде топката по фаулот токму над Кавани во казнениот простор на гостите, иако навивачите бараа да го изведе Уругваецот.
Овој пат, за разлика од минатиот кога Бразилецот му ја одзеде топката за пенал, Уругваецот не му направи проблем на клубот иако овој пенал можеше да му биде еден од најважните во кариерата.
Дури и човечки му честиташе за голот, иако него тој погодок би го одвел во историјата. Кавани со голот за 3-0 во овој натпревар го стигна Златан Ибрахимовиќ на вечната листа на стрелците на ПСЖ со 156 погодоци.
Ако Нејмар не му го одземеше правото кое му припаѓа, би станал најдобриот голгетер во историјата на „светците“ од парискиот „Парк на принцовите“.

Најнови вести