Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2018

Роналдо сака во Јунајтед, но Нејмар му пречи

Кристијано Роналдо, ѕвездата на Реал Мадрид, сака да го напушти шпанскиот клуб и да се врати во Манчестер јунајтед, пишуваат шпанските медиуми.

„Разочаран од трансферот, како и од политиката на клубот, но и од фактот дека Флорентино Перес, претседателот на ‘кралевите’, не го исполнил ветувањето околу неговиот нов договор, на соиграчите им порачал дека сака да си оди на крајот на сезоната“, тврди „АС“.
„Се чувствува измамено, Перес му вети поскап договор, кој не е реализиран, а го погодиле и приказните околу тоа дека налето, како негова замена, сакал да го доведе Килијан Мбапе“.
Според најновите информации, Шпанците тврдат дека Мадриѓаните на крајот на сезоната сакаат да го доведат Нејмар, како замена за Роналдо.
Роналдо освои три од последните четири награди Златна топка, но тоа не му беше доволно да биде меѓу тројцата најплатени играчи на светот, а последниот договор го потпиша во ноември 2016 година.
Шпанскиот весник наведува дека Роналдо никогаш не се согласувал со Перес, со кого секогаш водел тешки разговори, веројатно поради фактот дека го довел Рамон Калдерон.

Најнови вести