12.1.2018 Наполи го доведе Зинедин
Фудбалскиот клуб Наполи потпиша договор со 22-годишниот играч Зинедин Машаш до јуни 2022 година.
На официјалната интернет-страница му посакаа добредојде на француско-алжирскиот играч, а веста за неговото доаѓање ја објави и претседателот Аурелио де Лаурентис на неговиот профил на „Твитер“.
Машаш во Наполи дојде како слободен играч. Неговиот договор со Тулуз го заврши минатиот месец, а проследен беше и со кавга со стручниот штаб.
Тој минатата сезона ја помина на заем во Олимпик Марсеј, каде што одигра 38 натпревари и постигна три гола во првата лига.