Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
11.1.2018

Крај на ерата на Венгер – Анчелоти се договорил со Арсенал?

Трофејниот италијански тренер Карло Анчелоти на крајот на сезоната би можело да го замени Арсен Венгер на клупата на Арсенал, пренесува „Кориере дело спорт“.

Според наводите на весникот, Анчелоти наводно потпишал договор со лондонскиот клуб за плата од десет милиони евра по сезона без бонуси.
Анчелоти е без ангажман од крајот на септември, кога беше отпуштен од Баерн Минхен по низата лоши резултати и убедливиот пораз од ПСЖ во Лигата на шампионите.
Италијанскиот стручњак со најголем успех го предводеше Милан, со кого два пати стана шампион на Европа, Лигата на шампионите ја освои и со Реал, за што му е рамен само уште Боб Пејсли, легендарниот менаџер на Ливерпул, кој исто така има освоено три пехари.
Тој работеше и во ПСЖ и во градскиот ривал на Арсенал, Челзи, со кого ја освои Премиер лигата.

Најнови вести