Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2018

Башакшехир не се шегува – го доведе Арда Туран

Арда Туран, досегашниот играч на Барселона, денес или најдоцна утре ќе биде официјално претставен во турскиот Башакшехир.

Според зборовите на тренерот на истанбулскиот клуб Абдулах Авџи, не било лесно да се доведе долгогодишниот репрезентативец на Турција и поради тоа му е благодарен на претседателот на клубот Гоксел Гумушдаг.
„Трансферот ќе биде завршен денес или утре. Арда е наша долгогодишна цел и му благодарам на претседателот што ни овозможи да ја реализираме“, изјави тренерот на клубот кој моментно го зазема првото место на табелата на турскиот шампионат.
Башакшехир сака тука и да остане, а една од неговите цели, според неофицијални извори, е и да го доведе Ричмонд Боачи, центарфорот на Црвена ѕвезда.
Туран во Барселона стигна во 2015 година како големо засилување од Атлетико Мадрид, но не успеа посериозно да се наметне, па одигра само 36 натпревари, постигна пет погодоци и ја освои титулата на Примера лигата, два трофеи на шпанскиот куп и еден на Суперкупот.
Туран кариерата ја почна во Галатасарај, а за селекцијата на Турција одигра точно сто натпревари и постигна 17 голови.

 

Најнови вести