Корисничко име Лозинка Пријави се
07.1.2018

Стоук го отпушти Марк Хјуз

Велшкиот менаџер Марк Хјуз доби отказ по серијата лоши резултати на Стоук.

Челниците на англискиот премиерлигаш решија да му се заблагодарат на соработката на Хјуз по вчерашниот пораз од Ковентри (2-1) во третото коло од ФА купот.
„Му се заблагодаруваме на Марк за сè што постигна во минатите четири и пол години. Му посакуваме многу успех во иднина. Клубот ќе настојува да именува нов менаџер што е можно побргу“, се вели во соопштението на Стоук.
Клубот има само пет победи на 22 натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на 18-тата позиција на табелата.
Педесет и четиригодишниот Хјуз досега ја водеше репрезентацијата на Велс, Блекбурн, Манчестер сити, Фулам и Квинс парк ренџерс.

Најнови вести