Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2017

Роналдо: Барселона не е за Бразилци, лошо нè третираат

Бразилецот Роналдо, некогашниот најдобар фудбалер на светот, изјави дека Барселона не е клуб за играчите од неговата татковина, туку Реал Мадрид.

Роналдо играше за двата шпански гиганти, прво во Барселона во сезоната 1996/97, а подоцна и во Реал од 2002 до 2007 година, и изјави дека смета дека Бразилците немаат најдобар третман во клубот од „Камп ноу“.
„Се чувствував многу посреќен и бев многу поповрзан со Реал Мадрид, и покрај тоа, имав одлична година во Барселона што се однесува на животот и игрите. На крајот, сè лошо заврши, како во случајот со Нејмар. Барселона секогаш имала проблеми со Бразилците, Ромарио, Роналдињо, Нејмар и со мене. Имавме лош третман, иако многу му донесовме на клубот“, изјави Роналдо за „Еспорте Интеративо“.
Зборовите на Роналдо доаѓаат во моментот кога Барселона има голема желба да го доведе неговиот земјак Филипе Кутињо, односно кога Реал е заинтересиран за Нејмар, кој летоска направи трансфер од Барселона во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.
Моментно од Бразилците за Барселона настапуваат Паулињо и Рафиња, додека во Реал се заменик-капитенот Марсело и Каземиро.

Најнови вести