Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2017

Мурињо: Задоволен сум со карактерот на играчите

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека е задоволен со начинот на којшто неговиот тим играл против Барнли.

Јунајтед со погодокот на Лингард во 91-вата минута избегна пораз и дојде до бод (2-2), а Барнли по 36 минути игра имаше предност од два гола.
„Требаше да победиме, да, но задоволен сум од начинот на којшто играа играчите, како реагираа на заостанувањето. Се бореа и немам ништо да им забележам. Исклучително го ценам нивниот дух“, изјави Мурињо по натпреварот.
„Црвените ѓаволи“ по влегувањето на Лингард и Мхитарјан на полувремето заиграа значително подобро.
„Двајцата беа одлични. Доминиравме во другиот дел. Играчите го прифатија ризикот на играње само со еден дефанзивен фудбалер (Џонсон). На крајот, бод е најмалку што заслуживме“, додаде Мурињо.
Екипата од „Олд Трафорд“ по овој резултат има 43 бода и се наоѓа на второто место на табелата. Во наредното коло, на 30-ти декември, ќе го дочека Саутхемптон.

Најнови вести