Корисничко име Лозинка Пријави се
25.12.2017

Тимот доминира, Агуеро е бесен

Манчестер сити оваа сезона е главна тема во Англија, но и покрај тимскиот успех, Серхио Агуеро не е задоволен меѓу „граѓаните“.

Тоа го призна и Пеп Гвардиола, менаџерот на Сити, кој изјави дека во наредниот период ќе се донесе одлука за иднината на Агуеро на „Етихад“.
Агуеро против Борнмут ги даде двата од четирите гола, но не игра постојано бидејќи во тимот се наметнува Габриел Жесус.
Жесус добива шанса во некои клучни натпревари, што на Аргентинецот не му се допаѓа. Незадоволството го покажа кога беше заменет против Тотенхем минатата недела фрлајќи ја ракавицата.
Се шпекулираше и за несогласувања со Гвардиола, но менаџерот на екипата која победи на 17 натпревари и имаше едно реми до Нова година изјави дека го разбира Агуеро.
„Бев играч и ги разбирам оние коишто ќе бидат заменети, тажни се. Го разбирам тоа чувство и го почитувам Серхио, она што го работеше и она што ќе го работи во иднина. Тој е легенда. Ќе одлучиме за сè во неговиот живот и во иднината. Моментно сум среќен што е тука. Знам дека играчите коишто не играат константно се нерасположени, но целиот тим заслужува да добива минути“, изјави Гвардиола за британските медиуми.
Шпанецот додаде дека Агуеро и Жесус во соблекувалната засега имаат одлични односи, што според неговото мислење, е најважно, покрај тоа што тимот победува.

Најнови вести