Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2017

Лоша навика на Абрамович – За Конте се подготвува замена?

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, е на излезните врати од клубот од „Стемфорд бриџ“ уште од летоска. Политиката на трансферот на „сините“ е спорење меѓу сопственикот и шефот на стручниот штаб, а во таквите судири не помага ниту шампионската титула која Конте ја освои со Челзи во претходната сезона.

Италијанецот го преживеа првиот дел од сезоната, меѓутоа замената му е подготвена.
Карло Анчелоти доби отказ во Баерн Минхен, а Роман Абрамович со него има добро искуство и одличен однос.
Ниту ждрепката за шеснаесетфиналето на Лигата на шампионите не му беше наклонета на Конте. Челзи ја извлече Барселона, а медиумите од Островот пишуваат дека испаѓањето на „сините“ од Блауграната уште во февруари би можело да доведе до промени на клупата.
Поизвесно е дека Конте ќе стане слободен наредното лето, додека Анчелоти ќе дојде на неговото место.
„Јас сум само тренер и навистина немам поим што ќе се случува кога спортскиот директор Еменало ќе си замине од неговата позиција во јануари“, кратко изјави Конте.
Милан е заинтересиран за неговите услуги, па тренерската замена на „Стемфорд бриџ“ би можела да испровоцира и други замени.

Најнови вести