Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2017

Ограбен тренерот на ПСЖ, цел биле и дресовите на Нејмар

Како што пренесоа француските медиуми, ограбена била куќата на Унаи Емери, тренерот на ПСЖ, а покрај останатата роба која била однесена, украдени се и неколку дресови на ѕвездата Нејмар.

Домот на тренерот на ПСЖ бил ограбен во средата вечерта, а украдените работи се проценети дека вредат околу 20 илјади евра.
Освен дресовите на Нејмар, многу повреден плен биле часовникот од марката „ролекс“ на Емери, како и две торби „шанел“.
Медиумите пренесоа дека сигурносните камери ги снимиле провалниците, па дека наскоро се очекува да бидат и приведени за овој случај.
Исто така, се наведува дека грабежот се случил во текот на натпреварот и победата на „светците“ во Лига купот против Стразбург со 4-2.
Првите извештаи наведоа дека биле украдени и документи поврзани со трансферите на фудбалерите на ПСЖ, но подоцна тоа било демантирано.

Најнови вести