15.12.2017 Франција ќе го воведе ВАР системот во Лига 1
Управниот одбор на Лигата на професионални фудбалери, организација која управува со француската Лига 1, најави дека од сезоната 2018/19 во елитниот ранг на натпреварување ќе биде воведен системот на видеоасистенти.
Системот ВАР, кој им помага на судиите при главните одлуки во текот на натпреварот, е тестиран во натпреварите под покровителство на ФИФА минатата година, а потоа оваа сезона беше воведен во Бундеслигата и во Серија А.
Исто така, ВАР се користи во американската МЛС и во австралиската А-лига, како и во португалската Примеира. Ќе се користи и на Светското првенство во Русија 2018 година.
Од следната сезона системот на видеоасистенти ќе биде применет и во шпанската Примера.
Во Франција ВАР веќе е тестиран во Лига купот и во Купот.