Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2017

Роналдо и Бејл го спасија Реал од срам во Абу Даби!

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на Светското клупско првенство откако по големите проблеми и пресвртот, ја совладаа Ал-Џазира со 2-1.

Домашниот состав, кој во неговите редови има само двајца странци, имаше чудесно водство на полувремето по погодокот на Ромарињо во 41-вата минута.
Најзаслужен за тоа беше голманот Ал Сенани, кој ги одбрани сите обиди на Реал во првиот дел.
Но, се повреди во финишот на првото полувреме, го замени Хусани во 51-вата минута, а веќе во 53-тата Реал изедначи кога Роналдо, по асистенцијата на Модриќ, ја погоди мрежата на противникот.
Пресвртот беше комплетиран на девет минути пред крајот, кога малку подзаборавениот Герет Бејл, по асистенцијата на Лукас, им донесе победа и финале на Мадриѓаните.
Голема шанса домаќинот пропушти на почетокот на продолжението при водство од 1-0, кога Бусуфа го постигна и вториот гол, но тој оправдано беше поништен поради офсајд.
Реал во финалето ќе игра со Гремио, кој претходно ја совлада Пачука.

Најнови вести