Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2017

Тотенхем без Алдервејрелд до февруари

Тоби Алдервејрелд, дефанзивниот играч на Тотенхем, ќе паузира до февруари наредната година поради повреда на задниот дел на бутниот мускул.

Белгиецот се повреди на натпреварот против Реал Мадрид на почетокот на ноември, а откако го нема во тимот, Тотенхем само на еден од шест натпревари во Премиер лигата ја сочува мрежата.
„Не можеме да ја промениме реалноста, а таа е дека Алдервејрелд се повреди и не може да игра до февруари. Некои играчи имаат поголемо влијание на тимот, но ние имаме тим и играчи коишто можат да го заменат“, изјави Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем.
Алдервејрелд до февруари ќе пропушти најмалку девет лигашки натпревари, вклучувајќи ги и дуелите со Манчестер јунајтед и со Манчестер сити.
Тој можеби нема да биде ниту во составот за првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Јувентус закажан за 13-ти февруари.

Најнови вести