Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2017

Арпад Штербик е најдобар ракометар на светот за 2017 година

Арпад Штербик, голманот на европскиот ракометен шампион Вардар, е прогласен за најдобар ракометар на светот за 2017 година.

Изборот за најдобар ракометар на светот секоја година го прави реномираната ракометна интернет-страница „Хендбол планет“.
Најголем број гласови од публиката и од стручното жири составено од 27 земји доби Арпад Штербик.
Покрај Штербик, кој беше изгласан и за најдобар голман, најдобриот ракометен тим за 2017 година го сочинуваат: Уве Генсхајмер (ПСЖ), Микел Хансен (ПСЖ), Никола Карабатиќ (ПСЖ), Недим Ремили (ПСЖ), Бјарте Мирхол (Скјерн), Виктор Томас (Барселона) и Лука Карабатиќ (ПСЖ).

Најнови вести