Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
13.12.2017

Интер едвај го помина третолигашот во Купот

Фудбалерите на Интер се пласираа во четврт-финалето на Купот на Италија по доста маки.

„Нераѕурите“ дури на пенали го елиминираа третолигашот Порденоне, кој издржа 120 минути без примен гол на „Џузепе Меаца“.
Лучијано Спалети, тренерот на лидерот на Серија А, се обиде да дојде до наредната рунда без клучните играчи, но во второто полувреме мораше да ги воведе во игра Мауро Икарди, Иван Перишиќ и Марцело Брозовиќ.
Но, ниту тие не успеаја да го скршат отпорот на гостите, и покрај 33-те удари кон голот, од кои десет во рамките на голот, но сите десет ги одбрани голманот Перили.
Потоа следуваа пеналите, Мисурака не го погоди првиот гол за Порденоне, Брозовиќ и Перишиќ погодија за Интер, Бураи и Мањаги за гостите, а пред тоа не погодија Шкринијар и Галјардини.
Но, Порденоне не ја искористи укажаната шанса, Лули не му одолеа на притисокот, по што погодија Икарди и Весино за Интер, а Стефани и Чурија за Порденоне за 4-4.
Откако Пароди не го погоди третиот пенал за гостите, Интер во четврт-финалето на Купот го одведе Нагатомо.
„Нераѕурите“ во наредната рунда го чекаат подобриот од дуелот меѓу градскиот ривал Милан и Верона, кои ќе играат денес.

Најнови вести