Корисничко име Лозинка Пријави се
11.12.2017

Лига на шампиони: Челзи повторно со Барселона, Реал Мадрид против ПСЖ

Фудбалерите на Реал Мадрид во осминафиналето ќе играат против ПСЖ, додека Челзи ќе ги одмери силите со Барселона, одлучено е на ждрепката во Нион.

Реал Мадрид и ПСЖ досега играа заедно шест пати, двата клуба имаа по две победи, а два натпревари беа завршени со реми.
Големо дерби и два возбудливи натпревари се очекуваат и во дуелот меѓу Челзи и Барселона.
Англискиот и шпанскиот клуб досега одиграа 12 меѓусебни дуели, сите во Лигата на шампионите. Челзи победи четири пати, а Барселона три. Последен пат се сретнаа во полуфиналето во сезоната 2011/12, кога лондонскиот клуб беше подобар и се пласира во финалето.
Манчестер јунајтед за ривал ќе ја има Севилја, Рома на мегдан ќе излезе со Шахтар, додека Бешикташ ќе ги одмери силите со Баерн Минхен.
Финалистот од минатата сезона, екипата на Јувентус во осминафиналето ќе игра против Тотенхем. Тие два клуба досега никогаш не се сретнале во европските натпреварувања.
Првите натпревари од осминафиналето на програмата се на 13-ти и 14-ти, односно на 20-ти и 21-ви февруари, а реваншите се играат на шести и седми, односно на 13-ти и 14-ти март.
Шампионската титула ја брани Реал Мадрид, а финалето оваа година се игра на Олимпискиот стадион во Киев на 26-ти мај.

Парови, осминафинале на Лигата на шампионите:
Јувентус – Тотенхем
Базел – Манчестер сити
Порто – Ливерпул
Севилја – Манчестер јунајтед
Реал Мадрид – ПСЖ
Шахтар – Рома
Челзи – Барселона
Баерн Минхен – Бешикташ

 

Најнови вести