Корисничко име Лозинка Пријави се
11.12.2017

Лига на Европа: Ристовски со Спортинг Лисабон против Астана, Милан и Арсенал поминаа лесно

Во шеснаесетфиналето од Лигата на Европа македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски со Спортинг од Лисабон ќе игра со дебитантот Астана.

Единствениот претставник од Англија, Арсенал исто така ќе игра со дебитант во ова натпреварување, екипата на Естерсунд.
Милан ќе гостува во Бугарија, каде што ќе се сретне со Лудогорец. Атлетико Мадрид ќе има лесен натпревар со Копенхаген, а двобој се очекува меѓу третопласираните екипи од Лигата на шампионите, Наполи и Лајпциг, додека Аталанта ќе игра дуел со Борусија од Дортмунд.
Противниците од групата во којашто играше Вардар, Зенит и Реал Сосиедад ќе се соочат со Селтик, односно Салцбург. Српскиот шампион Партизан ќе игра со Викторија П’лзењ, додека Црвена ѕвезда ја очекува тежок дуел со ЦСКА Москва.

Двојки за шеснаесетфиналето на Лигата на Европа:
Борусија Дортмунд – Аталанта
Ница – Локомотив Москва
Копенхаген – Атлетико Мадрид
Спартак Москва – Атлетик Билбао
АЕК Атина – Динамо Киев
Селтик – Зенит
Наполи – Лајпциг
Црвена ѕвезда – ЦСКА Москва
Олимпик Лион – Вилјареал
Реал Сосиедад – Салцбург
Партизан Викторија П’лзењ
Стеауа Букурешт – Лацио
Лудогорец – Милан
Астана – Спортинг Лисабон
Естерсунд – Арсенал
Олимпик Марсеј – Брага

Најнови вести