Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2017

Лингард: Манчестер мора да биде црвен!

Џеси Лингард, фудбалерот на Манчестер јунајтед, пред градското дерби со Манчестер сити изјави дека сака неговиот клуб да ја преземе доминацијата во градот.

„Уверен сум дека ова дерби ќе има влијание на титулата во Премиер лигата. Станува збор за две одлични екипи од врвот на табелата, но не можеме да претпоставиме каква ќе биде играта. Можеби ќе биде убава за гледање, а можеби ќе биде класично тактичко надмудрување на теренот. Сепак, најважно е на крајот на денот градот Манчестер да биде црвен!“, изјави Лингард алудирајќи на победа на неговиот тим .
„За нас најважно е да бидеме сконцентрирани во текот на целиот натпревар. Сити има добри играчи, но не гледам зошто не би можеле да ги победиме, особено ако би играле како против Арсенал. Да речеме, не смееме воопшто да му дозволиме на Кевин де Бројне да ни ја земе топката бидејќи ако добие еден пас, во состојба е веднаш да направи шанса за неговиот тим. Од друга страна, Стерлинг е најопасен за противничкиот гол кога натпреварот се приближува кон крајот. Поради тоа мораме посебно да внимаваме на него кога ќе се приближува 90-тата минута“, изјави низ шега репрезентативецот на Англија.
Дербито на Манчестер во кое се сретнуваат фудбалерите на Јунајтед и на Сити се игра утре, од 17.30 часот.

Најнови вести